Брајтон си замина со бод од гостувањето кај Ливерпул, „црвените“ успеаја да се вратат од два гола негатива, но на крајот капитулираа по трет пат и мораа да се задоволат со реми.
Категорија: Англија 01.10.2022 18:05
Возбудлив натпревар на Енфилд, Ливерпул и Брајтон одиграа 3-3.
Гостите одлично го отворија натпреварот, Тросар донесе водство по само 4 минути игра. Истиот фудбалер го матираше Алисон во 17. минута за 0-2 и најави големо изненадување.
Фирмино во 33. минута намали на 1-2 и ги врати домаќините во игра, Бразилеот потоа одлично се снајде во 54. минута и реализираше за 2-2.
Десет минути подоцна беше направен комплетен пресврт, Вебстер несреќно си постигна автогол и Ливерпул поведе со 3-2.
Сепак, гостите не се предадоа и преку Тросар во 83. минута успеаја да се изборат за реми и бод.
Фудбалерот од Белгија ќе има убави спомени од овој меч, стана само третиот фудбалер кој на Енфилд забележал хет-трик во Премиерлигата, прв по Андреј Аршавин во 2009.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.