24фудбал

Арсенал владее во Северен Лондон (ВИДЕО)

Арсенал со 3-1 го доби соседското дерби против Тотнем, тимот на Артета одигра уште еден одличен натпревар и ќе се задржи на врвот во Премиерлигата и по ова коло.

Англија

Арсенал одигра моќен меч и на убедлив начин го доби лутиот ривал Тотнем.

Резултатот го отвори Томас Парти во 20. минута од натпреварот со прекрасен гол од далечина.


Водството траеше десетина минути кога Хари Кејн од пенал реализираше за израмнување на 1-1.


По четири минути игра во вториот дел се случи голема грешка на одбраната на Арсенал на чело со Хуго Лорис која ја казни Габриел Жесус и го врати водството на домаќините, овојпат од 2-1.


Во 62. минута се зголемија проблемите за Тотнем откако Емерсон Ројал доби директен црвен картон поради опасен старт.

Тоа брзо го искористи Арсенал, само пет минути подоцна Гранит Џака ги постави конечните 3-1.