24фудбал

Ултрас навивачите на Интер се сретнаа со Инзаги и фудбалерите пред дербито со Рома

Група на ултрас фанови на Интер синоќа го посетиле тренинг центарот на тимот и се сретнале со Симоне Инзаги и фудбалерите во пресрет на денешното дерби против Рома.

Италија

Интер денеска со почеток од 18 часот ја пречекува Рома. Нероазурите се во лоша форма, имаат три порази во воведните седум натпревари, притисокот се зголемува и врз Инзаги и врз играчите.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека фанови на Интер се сретнале со Инзаги и играчите за да дискутираат за лошиот старт на сезоната и да го искажат значењето на натпреварот со Рома.

Ултрас фановите прстот го имаат вперено во раководството на клубот повеќе отколку кон тренерот или играчите на кои им даваат поддршка.

Тие сметале дека фудбалерите на Интер ќе бидат дополнително мотовирани по средбата со нив.

Интер нема пораз од Рома од февруари 2017 година, тие очајно ги посакуваат трите бода од денешниот меч.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.