24фудбал

Новиот тренер на Челси вели дека парите и славата нема да му удрат во глава: Нема шанси да купам Ламборгини!

Грем Потер вели дека работата во голем клуб како Челси и убавата плата нема да го променат многу, дефинитивно нема да купи бесен автомобил како Ламборгини.

Англија

На почетокот од септември, Тод Боли реши да му врачи отказ на Томас Тухел и новиот проект на Челси да му го довери на Грем Потер од Брајтон.

47 годишниот стратег против Кристал Палас овој викенд ќе го има своето деби на кормилото на „сините“, па денеска се појави пред медиумите.

Тој порача дека работата во голем клуб како Челси и убавата плата (одредени извори пишуваат за 10 милиони фунти по сезона) нема да го променат многу.

„Започнав од последното скалило, би рекол и под последното скалило (седум години работеше во шведски Остерсунд) и со многу напорна работа, малку среќа и помош од други луѓе дојдов до тука“ - вели Грем Потер.

„Сигурно нема да купам Ламборгини! Се уште ја возам истата кола која ја одбрав кога се вратив во Англија и почнав да работам во Свонси“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.