24фудбал

„Сер Алекс Фергусон сака да ме ангажира? Сигурно се шегуваш“ - Парк Џи Сунг не верувал дека прави трансфер во Јунајтед

Поранешниот „ѓавол“, Парк Џи Сунг откри како реагирал кога агентот го известил дека Манчестер јунајтед пројавува интерес за неговите услуги.

Англија

Парк Џи Сунг во 2005 од ПСВ се пресели на Олд Трафорд, многумина велеа дека ова е трансфер за Манчестер јунајтед „да продава дресови“ и да ја зголеми својата популарност во Азија, но фудбалерот од Јужна Кореја се прикажа во солидно светло и забележа преку 200 настапи во дресот на „ѓаволите“.

Во разговор со ЕнБиСи Спортс, Парк Џи Сунг признава дека и самиот бил изненаден кога бил известен дека Манчестер јунајтед пројавува интерес за неговите услуги.

„Ми се јави агентот и ми кажа дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за мене, мислев дека се шегува со мене. Не го сфатив сериозно“ - вели парк Џи Сунг.

„Потоа ми рече дека Сер Алекс Фергусон чека да му се јавам. Му реков, „Зошто?“. Ми одговори, „Сака да разговара со тебе“. Дури тогаш разбрав дека работата е сериозна“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.