24фудбал

Драма во Чиле: Се сруши конструкција на легендарниот „Монументал“, десетици повредени (ВИДЕО)

Драма во Чиле во пресрет на големото дерби помеѓу Коло Коло и Универсидад Католика, се сруши конструкција на легендарниот „Монументал“, има десетици повредени но за среќа нема жртви.

Јужна Америка

Овој викенд во Чиле се игра големото дерби помеѓу Коло Коло и Универсидад Католика, па на денешниот тренинг на белите присуствуваа голем број навивачи кои се подготвуваа за својата фешта на трибините.

Сепак, целиот настан за малку можеше да заврши трагично откако попушти конструкцијата на легендарниот „Монументал“. Трибината не ги собра сите навивачи, па имаше луѓе кои стоеија и на конструкцијата и на семафорите и тоа предизвика рушење на конструкцијата која падна на трибината полна навивачи.

За среќа нема жртви, првичните извештаи говорат за десетици повредени, кои полесно, кои со скршеници.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.