24фудбал

Барселона уште му должи пари на Ливерпул за трансферот на Кутињо, пари чекаат и Сити, Ајакс и Јувентус

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона должи околу 150 милиони евра за купени фудбалери, пари чекаат Манчестер Сити, Ајакс, Јувентус, Ливерпул и Гремио.

Шпанија

„Каталонците“ во иднина ќе треба да платат 150 милиони евра за играчи кои ги купувале изминативе години, некои од нив повеќе ниту не се дел од клубот.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барса има долг кон Манчестер Сити од 52 милиони евра за трансферот на Феран Торес, долг кон Ајакс од 42 милиони евра (32 милиони за трансферот на Френки де Јонг и уште 10 милиони евра за трансферот на Сержињо Дест).

На Јувентус му должи 36 милиони евра за трансферот на Миралем Пјаниќ, а пари чека и Ливерпул за трансферот на Филипе Кутињо, на „црвените“ им следуваат уште 14 милиони евра.

Гремио пак треба да добие уште 7,5 милиони евра за трансферот на Артур Мело, кој исто така повеќе не е дел од Барселона.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.