24фудбал

„Не можам ова да го кажам пред камери, ќе креирам контроверзија“ – Халанд со исповед за страшната голгетерска форма

Ерлинг Халанд не очекувал дека ќе постигне 14 погодока на првите 10 натпревари во Манчестер Сити, но во исто време додава дека се укажувало на тоа дека головите ќе бидат загарантирани.

Англија

Ерлинг Халанд игра во страшна голгетерска форма по преселбата во Манчестер Сити, постигна 14 погодоци на првите 10 натпревари.

„Искрено можам да кажам дека никој не очекуваше ваков старт“ – вели Норвежанецот кој за 60 милиони евра се пресели на „Етихад“ во летниот преоден рок.

„Но во исто време, јас сум голгетер кој обожава да постигнува многу погодоци, имам постигнато многу погодоци и пристигнувам во Манчестер Сити, клуб кој минатата година постигна преку 100 погодока. Па јасно е дека ќе постигнувам голови, би рекол загарантирано е дека ќе постогнувам голови“.

„Не можам ова да го кажам пред камери, ќе креирам контроверзија и погрешни наслови... но не сум изненаден од тоа што редовно ги тресам противничките мрежи“.

„Сепак, морам да признам дека не очекував да постигнам 14 погодоци на стартот, па уште не сме октомври месец“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.