24фудбал

Поранешен фудбалер го критикува Нагелсман и порача: И пекар може да биде тренер на Баерн, треба само...

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Манфред Бендер вели дека Јилијан Нагелсман не е лидер и затоа „баварците“ не играат на потребното ниво и ги немаат посакуваните резултати.

Германија

Во последно време се почесто се шпекулира за отказ на Јулијан Нагелсман откако Баерн Минхен влезе во резултатска криза и за прв пат во последните 20 години не победи на четири натпревари во низа во Бундеслигата.

Поранешниот фудбалер на „баварците“, Манфред Бендер сега упати критики на адреса на младиот стратег и го обвини дека не е добар лидер.

„И пекар може да биде тренер на Баерн Минхен. Не треба да сте екстра тренер, треба да знаете само да бидете лидер и да го водите тимот. Јулијан Нагелсман не го може тоа“ – вели Манфред Бендер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.