24фудбал

Блази за разводот на Тоти му бара 20 илјади евра месечно за неа и 17 илјади за децата, тој ѝ нуди 0 за неа и 7 илјади за децата

Франческо Тоти и Илари Блази почнуваат постапка за развод, но разликата меѓу она што го бара сопругата и тоа што го нуди славниот фудбалер на Рома е многу голема.

Италија

Илари Блази за да го потпише договорот за развод со Тоти бара 20.000 евра месечно за неа и 17.500  евра за трите деца кои ги имаат, секое дете би добивало по 5.800 евра. Тоа се вкупно 37.500 евра кои Тоти треба да ги издвојува месечно.

Но, неговата понуда и драстично поразлична. Тој неа ѝ нуди нула евра, а за децата би плаќал 7.000 евра месечно.

Се верува дека нивните понуди се драстично различни по совети со адвокатите со цел да најдат компромис на средина.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.