Категорија: Англија 30.09.2022 11:26
Во последните денови од летниот преоден рок, на големо изненадување, Ливерпул го донесе Артур Мело на позајмица од Јувентус.
Но само две недели подоцна почнаа да кружат гласини дка Јирген Клоп не е задоволен од она што го видел и сака да го врати Бразилецот во Торино.
Но Артур Мело очигледно не се откажува, сака да го импресионира тренерот, па наместо на одмор, одработил екстра тренинзи и одиграл два натпревари за младинскиот тим за време на паузата за репрезентативни обврски.
„Можеше да биде слободен цела недела, но тој не го сакаше тоа. Сакаше да работи на својот фитнес и тоа покажува дека се работи за голем професионалец“ – вели Бери Лутас, тренерот на У23 тимот на Ливерпул.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.