24фудбал

Погба: Има само една разлика меѓу Серија А и Премиерлигата

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба вели дека единствената разлика меѓу Серија А и Премиерлигата е економската моќ која ја има англиското првенство.

Италија

Погба поради повреда е надвор од фудбалските терени, но тоа не го спречува да дава интервјуа. Во последното тој кажува колку му значи Јувентус и прави споредба меѓу двете лиги.

„Ова е посебен дрес, го вади најдоброто од мене. Тука изградивме голема приказна и никогаш не го заборавам овој тим, дури и кога бев во Манчестер јунајтед. Никогаш не се сомневав дека ова е местото за мене“, вели Погба.

„Серија А отсекогаш била една од најдобрите лиги. Вистинската разлика меѓу Премиерлигата и Серија А е економската сила, но кога се работи за фудбалот, Италија останува меѓу најдобрите места во светот“.

„Нема голема разлика меѓу Јувентус и Манчестер јунајтед. Топ клуб е топ клуб. Јувентус секогаш бил најдобар во Италија“.

„Сега тренинг центарот е подобар, напредуваат благодарение на истиот менталитет. Ние секогаш сакаме да победуваме и тоа нема да се промени“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.