24фудбал

Конте испрати остра порака по гласините кои го поврзуваат со тренерското столче во Јувентус

Тренерот на Тотнем, Антонио Конте вели дека гласините за превземање на кормилото на Јувентус се непочитување и кон него и кон Макс Алегри.

Италија

„Старата дама“ бележи слаби резултати на стартот од новата сезона, се говори за отказ на Макс Алегри и пристигнување на нов тренер.

Низ медиумите кружат многу имиња, дел од гласините најавуваат враќање на Антонио Конте во Торино.

„Ова е неверојатно. Во овој дел од сезоната да се говорат вакви работи, па тоа е непочитување кон тренерот на Јувентус и кон мене“ - одговори остро Антонио Конте.

„Само што ја почнавме сезоната, многу пати сме зборувале на оваа тема и ќе повторам дека сум среќен во Тотнем“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.