24фудбал

Халанд и неговиот татко креирале бодовен систем за избор на нов клуб, откриено кои им биле втора и трета опција

Ерлинг Халанд и неговиот татко Алфи креирале бодовен систем за избор на нов клуб, откако ги резимирале резултатите, Манчестер Сити завршил пред Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Англија

Ерлинг Халанд изминативе години се поврзуваше со многу гиганти ширум Европа, Норвежанецот на крајот се реши за преселба во Манчестер Сити.

Напаѓачот и неговиот татко Алфи креирале бодовен систем за избор на нов клуб и како критериуми ги земале потребата клубот да купи нова „9-ка“, стилот на игра, историјата и капацитетот на стадионот.

„На нашата листа, Манчестер Сити е на првото место. Баерн Минхен е на второто, Реал Мадрид на третото а ПСЖ на четвртото“ - објаснува Алфи во документарецот за одлуката на Ерлинг Халанд.

„Исто така имаме неколку клубови од Англија кои се навистина добри како Ливерпул и Челси. Тука е и Барселона“.

„Мислам дека разликата на врвот е тесна, само неколку бода разлика“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.