24фудбал

Ги одбил Ливерпул и Манчестер јунајтед, чека да се пресели во Барселона во 2023 година

Според пишувањата на каталонскиот весник Спорт, Рубен Невеш ги одбил Ливерпул и Манчестер јунајтед, Португалецот решил да чека и да се пресели во Барселона во 2023 година.

Шпанија

Серхио Бускетс ја одработува последната година од договорот, се говори дека Шпанецот летоска ќе замине од Камп Ноу за авантура во САД и Барселона полека е во потрага на негов наследник.

Едно од имињата кои кружат низ медиумите е тоа на Рубен Невеш од Вулверхемптон.

Како што пренесува каталонскиот весник Спорт, Ливерпул и Манчестер јунајтед изминатово лето стапиле во контакт со Португалецот и опипале терен за трансфер.

Сепак, Рубен Невеш ги одбил гигантите од Премиерлигата откако бил известен дека може да се пресели на Камп Ноу. Тој бил подготвен да чека една година, односно трансферот да се реализира летото во 2023.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.