24фудбал

„Ван де Бек тренираше по 10 часа на ден, а Погба доцнеше на тренинг и пак играше повеќе!“

Поранешниот агент на Дони ван де Бек открива дека Холанѓанецот тренирал и по 10 часа на ден со цел да се наметне во првиот тим на Манчестер јунајтед, но и покрај тоа бил во втор план во однос на Пол Погба, кој доцнел на тренинзите.

Англија

Дони ван де Бек пристигна на Олд Трафорд летото во 2020 година, но никогаш не успеа да се избори за првотимски статус.

Во јануари 2022 година се пресели во Евертон на позајмица во потрага на поголема минутажа, „карамелите“ не го купија, па тој се врати во Манчестер јунајтед.

„За место во тимот се бореше со Пол Погба, кој често доцнеше на тренинг, но ќе се извинеше и добиваше шанса да игра и тоа место момче кое тренираше по 10 часа на ден со цел да покаже дека е доволно добар“ - вели Гидо Алберс.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.