24фудбал

Леао сака да остане во Милан, но потребни се преку 60 милиони евра

Милан работи на продолжување на соработката со Рафаел Леао, напаѓачот сака да остане на „Сан Сиро“, но потребни се преку 60 милиони евра за новиот договор.

Италија

Паоло Малдини со месеци работи на новиот договор на Рафаел Леао, се говори дека иднината на Португалецот исто така е еден од приоритетите на новиот сопственик Гери Кардинале.

Португалецот сака да остане на Сан Сиро, но парите се прчината поради која преговорите тапкаат во место.

Рафаел Леао во моментов заработува „само“ 1,5 милиони евра, на сите им е јасно дека напаѓачот треба да добие значително покачување на платата, но прашањето е колкаво да биде тоа.

Се говори дека Рафаел Леао бара 7 милиони евра по сезона за да остане верен, Милан пак е оптимист дека можат да си подадат рака за 6 милиони евра по сезона и петгодишен договор.

Но ова не е единствениот проблем. Рафаел Леао го загуби судскиот спор со Спортинг и на клубот од Лисабон му должи околу 20 милиони евра, па бара Милан да плати барем 15 милиони евра од оваа сума.

Португалецот е под договор до 2024 година, и „росонерите“ треба да одлучат што ќе прават. Дали да инвестираат 65 милиони евра (петгодишниот договор со плата од 6 милиони евра бруто тежи 50 милиони + компензацијата од 15 милиони за Спортинг) или да го продаде на клубот кој ќе понуди најмногу следното лето.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.