24фудбал

Проблеми за Интер, останува без главниот спонзор на дресот

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер до крајот на октомври ќе го тргне главниот спонзор од дресот поради доцнење со плаќањата.

Италија

Во сезоната 2021/22, „Дигиталбитс“ беше спонзор на ракавот на дресот на Интер, но од оваа сезона, компанијата од светот на криптовалутите беше промовирана во главен спонзор во договор тежок 85 милиони евра за четири години.

Сепак, поради големата криза, „Дигиталбитс“ изминатово лето не успеа да ја плати првата сума, па во август логото беше тргнато од дресовите на Примавера тимот и женскиот тим.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, „Дигиталбитс“ нема да може да ја исплати ниту сумата предвидена за месец октомври, па Интер ќе повлече нов чекор и ќе го тргне логото и од дресовите на првиот тим и ќе ја прекине соработката.

„Нероаѕурите“ со недели водат преговори и бараат нов партнер, но не се исклучува можноста до крајот на сезоната да немаат спонзор на дресот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.