24фудбал

Погба им даде ветување на фановите на Јувентус

Пол Погба даде ветување дека ќе работи напорно за да се врати на теренот колку што е можно побрзо и открива дека тој зборувал со Масимо Алегри и додека бил во Манчестер јунајтед.

Италија

Францускиот репрезентативец е во аут поради повреда на менискусот поради која ќе го пропушти и Светското првенство, но после тоа ќе се врати во дресот на Јувентус.

„Можам да им ветам на фановите дека ќе работам напорно за да се вратам на теренот колку што е можно побрзо и да му помогнам на тимот да дојде до победи кои ги заслужуваме“, вели Погба.

„Сакам да се соочам со предизвиците со насмевка во животот и во фудбалот. Мојата љубов кон овој спорт ме мотивира да го давам најдоброто секој ден“.

„Трите последни години во Манчестер јунајтед не беа како што сакав, тоа не е тајна. Имав повреди. Враќањето во Јувентус ми е голем предизвик и за мене е и за клубот“.

„Отсекогаш сум имал одличен однос со Алегри, многу отворен и искрен. Тој ме познава многу добро, постојано зборувавме додека бев во Манчестер“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.