24фудбал

Морати пред дербито меѓу Интер и Рома: Тимот на Мурињо може да биде изненадување на сезоната

Во сабота со почеток од 18 часот, Интер ќе ја пречека Рома во големо дерби од Серија А, поранешниот претседател на нероазурите, Масимо Мората даде интервју пред овој голем меч.

Италија

Масимо Морати беше претседател на Интер кога овој клуб со Жозе Мурињо ја освои историската тројна круна.

Португалецот е суспендиран, нема да биде на клупата на Рома, но ќе биде не трибините од стадионот.

„Интер треба да одигра добро, бидејќи беше тешко во изминатите мечеви. Отсуството на Лукаку се чувствуваше бидејќи тој е најважен играч во составот“, смета Морати.

„Имам чувство дека има влијание на тимот на Интер фактот што минатата сезона не беше освоено Скудетото, разочарувањето се чувствува во воздухот. Потребно е некој да ги протресе и да ги врати на патеката“.

„Рома е во подобра форма и сакаат да дојдат до некоја константност. Тие имаат возбудлив состав и можат да бидат изненадување на сезоната“.

„Карактеристиките на Мурињо се секогаш исти, професионализам и фокус на деталите. Мурињо има амбиција да биде подобар од минатата сезона“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.