24фудбал

Второлигаш го исфрли Партизан од Купот на Србија! (ВИДЕО)

Партизан доживеа шокантен пораз во првото коло од Купот на Србија откако по пенали загуби од Раднички од Сремска Митровица.

Останато

Партизан имаше водство со гол на Патрик Андраде по 18 минути игра. Црно-белите доминираа на теренот, беа подобро, но не успеаа да постигнат уште еден гол.

Кога се чинеше дека мечот така и ќе заврши, во втората минута од судиското продолжение Јован Маринковиќ постигна гол и израмни на 1-1.

Во пенал серијата немаше многу голови, Раднички погоди двапати, головите ги дадеоа Спасојевиќ и Петровиќ, додека кај Партизан сите што шутнаа промашија, Живковиќ, Урошевиќ, Гомеш и Андраде.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.