24фудбал

Шкрињар откри зошто има истетовирано ѓавол и ангел (ФОТО)

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар проговори за својата тетоважа на градите, и зошто решил да стави ѓавол и ангел кои се ракуваат.

Италија

Милан Шкрињар седна на интервју со ДАЗН, говореше на многу теми, една од нив беше тетоважата на градите. Дефанзивецот на Интер објасни зошто се решил да стави ѓавол и ангел кои се ракуваат.

„Имам истетовирано ѓавол и ангел кои се ракуваат. Пораката е дека е потребен баланс. Не треба премногу да бидете добри со луѓето, ќе ве искористат. Во исто време, не треба да бидете ниту премногу злобни“ - вели фудбалерот од Словачка.

„Тетоважата ја ставив пред пет години“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.