24фудбал

Абрамович се чудел кој е Дрогба, Мурињо му рекол: Не прашувај, само плати!

Жозе Мурињо открива дека Роман Абрамович се чудел кога било побарано ангажман на Дидје Дрогба, сопственикот на Челси сметал дека треба да биде купено некое позвучно име.

Англија

Дидје Дрогба беше едно од првите засилувања на Жозе Мурињо во Челси, зделката се покажа како полн погодок, репрезентативецот на БСК стана еден од најдоминантните напаѓачи во Премиерлигата.

„Јасно се сеќавам како Абрамович ме праша, „Кого сакаш да го донесеш како напаѓач?“ Во тоа време, во Европа имаше неколку звучни имиња, а јас реков Дрогба“ - раскажува „специјалниот“.

„Ме праша, „Кој е тој? Каде игра?“ Му одговорив, „Господине Абрамович плати. Не прашувај, само плати““.

Челси на Марсеј му плати околу 24 милиони фунти за услугите на Дидје Дрогба во јули 2004, и таа сезона „сините“ се радуваа на својата прва титула во Премиерлигата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.