24фудбал

Роналдо и Салах ќе „лапаат“ по еден милион фунти екстра

Кристијано Роналдо и Мо Салах ќе имаат најголем бенефит од новите даночни реформи, ѕвездите на Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе „лапаат“ преку еден милион фунти екстра.

Англија

Новата Влада на Велика Британија воведува даночни реформи, се намалуваат стапките, па фудбалерите, особено оние поплатените, ќе осетат голема разлика.

Проценките велат дека најплатените како Кристијано Роналдо и Мо Салах на сметките ќе имаат преку еден милион фунти екстра, некои проценки говорат за бројката од 1,3 милиони.

Кевин Де Брајне, Ерлинг Халанд и Давид Де Хеа кои се следни на лестата, во иднина ќе „лапаат“ по 900.000 фунти повеќе.

Премиерлигата и онака важеше за првенство каде се заработува најубаво, па со оваа реферма, „островото“ ќе стане уште попривлечно за фудбалерите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.