24фудбал

Газдата на Челси покажа нова суровост, преку „Зум“ избркал човек кој 17 години работел во клубот

Медиумите од Англија пренесуваат за нови промени на „Стемфорд Бриџ“, отказ добил првиот човек на физиотерапевтите, Тјери Лорен кој работел во клубот 17 години.

Англија

Тод Боли и неговиот конзорциум станаа нови сопственици на Челси откако доставија најдобра понуда, но бизнисменот од САД очигледно не се разбира многу од фудбал, а и нема многу емоции откако повлече големи промени на „Стемфорд Бриџ“.

Тренерот Томас Тухел доби отказ, а од клубот полека си заминуваат и многу други луѓе.

По 11 години си замина директорот на медицинскиот тим, Др. Пако Биоска, а се пристигнува информации за нова промена.

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека отказ добил и првиот човек на физиотерапевтите, Тјери Лорен. Дополнително изненадува фактот Тод Боли го известил за својата одлука преку „Зум“ на состанок кој траел само неколку минути.

Тјери Лорен, кој 17 години е дел од Челси, има прилично импресивна биографија, беше дел од репрезентацијата на Франција која во 1998 година стигна до трофејот на Светското првенство.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.