24фудбал

Салихамиџиќ: На Мане му треба време

Директорот на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ верува дека Садио Мане допрва ќе го дава најдоброто од себе, тој е во постојана комуникација со него.

Германија

Садио Мане нема најдобар старт во Баерн Минхен, напаѓачот сакаше да се пресели во германскиот гигант, но информациите сега велат дека не е најсреќен.

Сепак, Салихамиџиќ вели дека на Мане му треба само време и работите ќе почнат да функционираат.

„На Садио се уште му треба малку време. Треба да се прилагоди на Бундеслигата, и ќе се прилагоди, јас редовно зборувам со него“, вели Салихамиџиќ за „Билд“.

„Садио е еден од најдобрите играчи во светот, ние ќе се радуваме многу заедно со него“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.