24фудбал

Бугарите очекуваат сигурна казна од УЕФА за Македонија

Извршниот директор на Бугарската фудбалска федерација, Борислав Попов очекува Македонија да добие казна од УЕФА поради однесувањето на македонските навивачи.

Македонија

Бугарската фудбалска репрезентација во Скопје немаше топло добредојде, напротив атмосферата на трибините беше непријателска. Навивачите кои дојдоа на стадионот сиот свој бес создаван во изминатите години поради политичката ситуација, го истурија на мечот, па бугарската химна беше исвиркувана, а имаше и навредливи скандирања.

„На нашиот натпревар свирежите беа многу послаби, па делегатот ги опиша во записникот. Колегите со кои разговарав, кои биле на натпреварот кажаа дека делегатот ги запишал свирежите. Сигурен сум дека таквото хулиганско однесување нема да помине. Ние пред три години бевме казнете со 10.000 евра“, изјави Борислав Попов.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.