24фудбал

Страв лозје чува: Реакцијата на Манолас и лавот е хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Костас Манолас се реши за авантура во Обединетет Арапски Емирати, потпиша за Ал Шарџа но промоцијата не помина онака како што дефанзивецот очекуваше.

Останато

На почетокот од оваа година, Костас Манолас го напушти Наполи и се врати во Олимпијакос, но не издржа ниту една година во родната Грција и овој месец се реши за авантура во Обединетите Арапски Емирати.

Дефанзивецот потпиша со Ал Шарџа, клубот кој претходно успеа да ги донесе Миралем Пјаниќ и Пако Алкасер.

Костас Манолас е звучно засилување, па Ал Шарџа сакаше да направи спектакуларна промоција и на теренот донесе лав. Сепак, снимањето на видето не одеше според планот, Костас Манолас се „извади од памет“ од рикот на животното и тргна да бега.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.