24фудбал

„Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот... ако треба ќе играм беспари“

Фернандо Љоренте е подготвен беспари да игра доколку добие повик од Карло Анчелоти и му биде понудена шансата да биде резерва на Карим Бензема.

Шпанија

37 годишниот Фернандо Љоренте во моментов е без клуб, но нема намера да се пензионира и чека примамлива понуда.

Во интервју за емисијата „Ел Ларгеро“, напаѓачот рече дека нема ништо против да игра беспари доколку му се понуди шансата да го облече дресот на Реал Мадрид и да биде резерва на Карим Бензема.

„Никогаш не сум бил блиску до Реал Мадрид. Секогаш кога Реал Мадрид пројавувал интерес, јас бев под договор со Атлетик и знаете како е... Атлетик Билбао не помислуваше да ме пушти, а Реал Мадрид немаше намера да ја плати откупната клаузула“ – вели Фернандо Љоренте, кој се прослави во дресот на клубот од Баскија, и потоа како слободен играч се пресели во Јувентус.

„А кога се укажа можност... Јувентус реагираше побрзо“.

„Убаво ќе беше да го облечев белиот дрес. Во моментов Реал Мадрид е најдобриот тим во светот и тоа што го прават во Лигата на шампиони е неверојатно“.

„Ако добијам повик од Анчелоти? Подготвен сум, ако треба ќе играм беспари и ќе му бидам резерва на Бензема“


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.