24фудбал

Расизам во Париз, публиката му фрли банана на Ришарлисон (ВИДЕО)

Расизам на пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Тунис во Париз, публиката му фрли банана на Ришарлисон при прославата на голот за 2-1.

Останато

Бразил синоќа одигра пријателски натпревар против Тунис на „Паркот на Принцовите“ во Париз, избраниците на Тите славеа со 5-1 но мечот го одбележа недоличното однесување на навивачите.

Најпрво беше исвиркувана химната на „кариоките“, а при прославата на голот за 2-1, од трибините беше фрлена банана кон Ришарлисон.

Фудбалската федерација на Бразил веднаш ги осуди инцидентот и изрази жалење поради новата епизода на расизам на фудбалските терени.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.