24фудбал

Како реагираше Кристијано Роналдо откако остана без настап на Ф4 во Лигата на нации (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо повторно ја фрли капитенската лента откако Португалија загуби од Шпанија и остана без настап на завршниот турнир и битката за трофеј во Лигата на нации.

Останато

Шпанија е последната репрезентација која обезбеди настап на Ф4 турнирот во Лигата на нации, „црвената фурија“ со голот на Алваро Мората во 88. минута стигна до победа на гостувањето кај Португалија и првото место во групата.

По последниот свиреж на судијата, гостите тргнаа да се радуваат а Кристијано Роналдо во неверица мафташе со главата.

Напаѓачот потоа ја извади капитенската лената и ја фрли, слика која се повторува во последните години кога резултатите не одат по планот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.