24фудбал

„Не ми е јасно како Македонците можат да ја исвиркуваат химната на своите баби и дедовци“

Политичката тензија меѓу Македонија и Бугарија се преслика и на вчерашниот натпревар на Арената „Филип Втори“, но и во реакциите по мечот.

Македонија

Емоциите на македонските навивачи синоќа беа големи, опструкциите правени од нашиот источен сосед во изминатиот период не можеа да бидат заборавени, па Бугарите во Скопје беа пречекани со свирежи на нивната химна и постојани навреди.

Политичкиот момент беше доминантен на мечот, но и по него. А една од најпровокативните изјави ја даде поранешниот бугарски фудбалер, Станислав Ангелов.

„Не ми е јасно како Македонците можат да ја исвиркуваат химната на своите баби и дедовци? Целата работа е чудна, но пропагандата е многу силна“, изјави Ангелов.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.