24фудбал

Пикси: Не сум готвач за да барам рецепт за Халанд

Србија вечерва игра клучен меч за првото место во својата група од Лигата на нации, гостува кај Норвешка, меч кој мора да го победи.

Останато

Пред денешниот дуел Норвешка и Србија имаат ист број на бодови. Поради победата во Белград, на Норвежаните им одговара и реми, српската репрезентација ќе мора да победи за да го освои првото место и да се пласира во Лига А.

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ - Пикси имаше интересна изјава во пресрет на вечерашниот дуел. Тој беше запрашан дали може да го најде рецептот за да се неутрализира Ерлинг Халанд.

„Не сум готвач за да барам рецепт за спречување на Халанд. Многупати сум кажал дека се работи за фантастичен играч кој игра во еден од најдобрите светски клубови. Во Манчестер Сити е опкружен со соиграчи од светска класа и во една таква ситуација талентот доаѓа до израз. Но, натпреварот кој Норвешка го загуби од Слобенија, покажува дека и за Халанд има решение. Тешко е да го запреш, но не е невозможно“, изјави Пикси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.