24фудбал

Почина поранешниот голман на Партизан, Радован Радаковиќ

На 52-годишна возраст почина поранешниот голман на Партизан и многу други клубови, тој долго време се бореше со рак на желудникот.

Останато

Со помош на многу негови соиграчи и пријатели, Радаковиќ беше на лекување во Турција кое му помогна да му се продолжи животот, но сега стигна веста дека поранешниот голман починал.

Радован Радаковиќ најдобрите денови од кариерата ги помина во Партизан каде бранеше од 2000 до 2004 година кога замина за Австрија и една сезона бранеше за Штурм Грац.

Кариерата ја почна во Обилиќ, а бранеше уште и за Батајница, Борац Чачак, Раднички Крагујевац, Земун, Вождовац, Колубара, белгискиот тим Ројал Лиеж.

Работеше и како тренер на Младеновац, Колубара, Смедерево, Раднички 1923, Шумадија Аранџеловац и Вршац, но кога му ја соопштија кобната дијагноза, ги прекина сите активности.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.