24фудбал

Холандија и Хрватска ќе се борат за трофејот во Лигата на нации (ВИДЕО)

Холандија и Хрватска ги освоија првите места во освоите групи и се две од четирите репрезентации кои ќе се борат за пехарот во Лигата на нации во јуни 2023 година.

Останато

Хрватска мораше да победи во Виена за да го сочува првото место во групата со оглед на тоа што во исто време Данска ја совлада Франција.

Хрвтите успеаа да триумфираат со 3-1. Модриќ донесе водство од 1-0 уште во 6. минута, но само три минути подоцна Бамгартнер израмни на 1-1.

Во 69. минута Ливаја постигна гол и го врати водството на Хрватите, а три минути покасно Ловрен ги постави конечните 3-1 за коцкастите.

Во истата група Данска со 2-0 беше подобра од Франција. Головите ги постигнаа Долберг и Олсен.

Хрватска со 13 бодови го освои првото место, следува Данска со 12, Франција освои само пет бода но остана во А дивизија, бидејќи послаба од неа беше Австрија со четири бода, тие испаднаа во Б дивизија.

За трофејот ќе се бори и Холандија која со минимални 1-0 ја победи Белгија и го завери првото место.

Ван Дајк во 73. минута го постигна единствениот гол на мечот.

Во истата група Полска со 1-0 славеше на гостувањето кај Велс. Голот го даде Свидерски по асистенција на Левандовски.

Холандија го освои првото место со 16 бодови, Белгија има 10, Полска седум, а испадна Велс кој освои само еден бод.