24фудбал

Кака: Најдобриот момент од Реал Мадрид ми беше кога слушнав дека ќе си одам

Кака вели дека негов најдобар момент од кариерата во Реал Мадрид му е моментот кога слушнал дека заминува, зборовите на Флорентино Перез го направиле горд.

Шпанија

Кака денеска во Берлин ќе трча маратон, а шпанскиот весник „Марка“ по тој повод му направи големо интервју, но неизбежни беа и фудбалските прашања.

На прашањето кој му е најдобар момент во Реал Мадрид, Кака даде неочекуван одговор.

„Можеби звучи чудно, но ќе го одберам денот кога ми беше потврдено дека заминувам, бидејќи тогаш разговарав со Флорентино и тој ми рече дека во мене гледале еден голем професионалец кој дал се од себе за да донесе големи резултати во Мадрид, но повредите и малата минутажа не ми дозволиле“, вели Кака.

„Зборовите на Перез ми дадоа големо задоволство бидејќи почувствував дека вратите на Мадрид ми се отворени. Затоа никогаш нема да слушнете да кажам нешто лошо за Мадрид или за Жозе Мурињо“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.