Селекторот на Македонија, Боби Милевски по новиот пораз од Грузија вели дека е горд на она што го прикажале неговите избраници и смета дека заслужиле повеќе.
Категорија: Македонија 23.09.2022 21:39
Македонија вечерва доживеа нов пораз од Грузија, овој пат загубои со 2-0 во Тбилиси и на коло пред крајот решени се сите дилеми околу првото место во групата, Грузијците одат понатаму и преку бараж ќе бркаат шанса за ЕВРО 2024.
„Најпрво сакам да и честитам на Грузија за првото место и пласманот во баражот“ - рече по крајот на натпреварот селекторот Боби Милевски.
„Можам да бидам горд на момците како одиграа, но загубивме на ист начин, на наши грешки. Мислам дека заслуживме многу повеќе вечерва. Доминиравме 90 минути“.
„Грешките се составен дел од фудбалот и спортот, но секој треба индивидуално да работи на психолошката подготовка пред да дојде на собир на репрезентацијата“.
„Мораме да бидеме сконцентрирани и да бидеме поконкретни во самата завршница“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.