24фудбал

Погба потрошил 4 милиони на магии, висела кариерата на Мбапе?!

Матиас Погба ги реализираше најавите и сподели информации за својот брат Пол Погба, откри дека фудбалерот на Јувентус потрошил 4 милиони евра на магии, и барал помош од бајач за триумф на Светското првенство во 2018 како и дуелот портив ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампиони во 2019.

Италија

Матиас Погба е во притвор откако полицијата започна истрага поради сомнеж за уцена, но рано утрово на социјалните мрежи беа објавени триесетина видеа и споделени валкани работи од животот на неговиот брат Пол Погба.

Во центарот на скандалот е тоа што Пол Погба користел услуги на бајач, и според Матиас Погба, фудбалерот плаќал од 75.000 до 100.000 евра од сеанса, а вкупно има платено околу 4 милиони евра.

Пол Погба барал помош за триумф на Франција на Светското првенство во 2018, како и двомечот против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампиони во 2019 година.

Вториот случај е оној за кој и претходно се говореше, Пол Погба барал да биде фрлена магија врз Килијан Мбапе, односно напаѓачот да потфрли против „ѓаволите“.

Наводно бајачот по тој натпревар морал да ја прекине магија, постоело шанса да се уништи кариерата на Килијан Мбапе.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.