24фудбал

Во швајцарската репрезентација веќе не може да се прославува со „двоглав орел“

Швајцарија не сака повторно да биде во центарот на вниманието поради прославите на головите на своите фудбалери, па им забрани на играчит гестикулацијата на двоглав орел.

СП 2022

На Светското првенство во 2018 година, играа Швајцарија и Србија, а Џердан Шаќири и Гранит Џака ги славеа погодоците правејќи го со рацете албанскиот симбол, двоглав орел.

Таквата нивна прослава предизвика многу реакции во јавноста, па Швајцарија не сака таквите сцени да се повторат со оглед на тоа што нивната репрезентација повторно е во група со Србија.

„Светското првенство не се состои само од натпреварот со Србија иако знаеме колку е посебен овој натпревар со оглед на она што се случи во 2018 година. Не сакаме да ги правиме истите грешки, тука сме да играме фудбал и ништо друго. Не сакаме да праќаме политички или верски пораки. Сакаме да ги застапуваме нашите вредности, а една од нив е почитување. Треба да покажеме почитување кон различните размислувања. За мене би била голема грешка ако повторно испровоцираме некого со некаков гест, без оглед на играта. Не би требало да има гестови, зборови или било какво однесување кое предизвикува реакција од други луѓе. Кога навиваме, тогаш покажуваме радост, тоа е важно. Но не смееме да биде провокативни“, изјави спортскиот директор на швајцарската репрезентација, Пјерлуиџи Тами.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.