24фудбал

Тухел би можел да биде депортиран од Велика Британија

Медиумите од „островото“ пишуваат дека Томас Тухел има рок од 90 дена да ја напушти Велика Британија, стратегот од Германија потоа би можел да биде депортиран.

Англија

Томас Тухел на почетокот од овој месец доби отказ од Челси, се говореше дека стратегот сака веднаш да се врати на работа, но се уште нема добиено примамлива понуда.

И додека чека вести за следниот ангажман, Германецот продолжува да живее во Лондон, се говори дека тој ужива во животот во британската престолнина.

Но како што пренесуваат медиумите од „островото“, Томас Тухел поради статусот на невработен може да се најде во проблем со законот. Според пост-Брегзит визата која ја добил, Германецот има рок од 90 дена да замине или ризикува да биде депортиран.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.