24фудбал

Ванда Нара објави, се разведува од Икарди

Славната и контроверзна брачна двојка, Мауро Икарди и Ванда Нара и дефинитивно се разделуваат.

Останато

Во последно време често се зборуваше за недоразбирањата на Мауро Икарди и Ванда Нара кои кулиминираат сега, двојката става крај на бракот.

„Ова ми е многу болен период од мојот живот кој го минувам сега, со оглед на честите пишувања во медиумите и шпекулации, најдобро е јас да го објавам. Се разделуваме со Мауро, нема што повеќе да објаснувам и да кријам. Би сакала сите да имаат разбирање, не само поради мене, туку и поради нашите деца“, напиша Ванда Нара.

Врската меѓу Ванда Нара и Мауро Икарди сериозно се разниша кога таа пред една година му најде пораки како комуницира со друга девојка. Подоцна се смирија, но очигледно бракот не опстоја долго по тој инцидент.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.