24фудбал

Паника во Милан, Мањан се повреди на меч на Франција

На синоќешниот натпревар меѓу Франција и Австрија, Мањан беше заменет на полувремето поради повреда на мускулот на потколеницата.

Италија

Мањан синоќа по петти пат беше стартер во составот на репрезентацијата на Франција бидејќи првиот голман Хуго Лорис е надвор од стројот поради повреда.

Но, Мањан бранеше само во првото полувреме, во вториот дел на негово место влезе Алфонс Ареола.

Според првичните информации од Франција, голманот на Милан заработил повреда на мускулот на потколеницата и затоа била направена замената.

Оваа вест е загрижувачка за Милан ако се знае важноста на Мањан за росонерите.

Денеска треба да има повеќе детали за сериозноста на повредата и ќе се знае дали Мањан ќе пропушти некој меч на Милан.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.