24фудбал

Жиру стана најстариот стрелец во француската репрезентација, му фалат уште два гола да стигне рекорд на Анри (ВИДЕО)

Франција со 2-0 ја победи Австрија, а Оливие Жиру на овој меч стана најстариот играч во француската репрезентација кој постигнал гол.

Франција

Франција поведе со гол на Мбапе во 56. минута, ѕвездата на ПСЖ постигна прекрасен погодок.


Десет минути подоцна Жиру постигна гол со глава за конечни 2-0.


Жиру овој гол го даде со 35 години и 357 дена со што стана најстариот стрелец во француската репрезентација поминувајќи го Роже Марч кој во декември 1959 година дал гол со 35 години и 287 дена.

Ова за Жиру беше 49. гол за француската репрезентација, му фалат уште два погодоци за да го израмни рекордот на Тјери Анри за најмногу голови за Франција.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.