24фудбал

Алиоски: На овој стадион го остваривме сонот, сега доаѓаме по нов успех

Езгјан Алиоски вели дека Македонија е во Тбилиси по нов успех, знае дека ќе биде тешко но верува во победа.

Македонија

Македонија во Тбилиси го завери пласманот на историското Европско првенство, но утрешната задача ќе биде уште потешка.

Откако Вили Сањол го зема кормилото на Грузија, тие имаат напредок, тоа го видовме и во Скопје каде победија со 3-0.

Но, Алиоски вели дека Македонија е во Грузија по нов успех.

„Многу добро го познаваме овој стадион, тука го остваривме сонот и сега повторно сме тука за нов успех. Знаеме каков е квалитетот на противникот, знаеме дека и атмосферата ќе биде поинаква од тој меч во финалето, ама навивачите се навивачи, а ние на теренот треба да покажеме кој е подобар. Поразот пред неколку месеци во Скопје многу нѐ чинеше, ама тоа не беше нашето вистинско лице. Сега дојдовме да покажеме дека знаеме да одиграме многу подобро“, рече Алиоски.

„Јас сум еден од постарите, што се вели и секој кој е повикан за репрезентацијата треба да е мотивиран. Ако е потребна мотивација од друг кога играш за репрезентација, тогаш...“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.