24фудбал

Л'Екип ја откри откупната клаузула на Дембеле, половина од сумата му следува на напаѓачот

Л'Екип пренесува дека откупната клаузула во договорот на Осман Дембеле изнесува 50 милиони евра, половина од оваа сума му следува на напаѓачот.

Шпанија

По долги преговори и натегања, Барселона и Осман Дембеле во јули си подадоа рака за продолжување на соработката.

Напаѓачот прифати значително помала плата и се обврза кон „каталонците“ до јуни 2024 година.

Според пишувањата на Л'Екип, во договорот на Осман Дембеле има откупна клаузула од само 50 милиони евра. Доколку некој клуб ја активира, од оваа сума само половина ќе заврши на сметката на Барселона.

Со оглед на тоа дека Осман Дембеле не доби бонус за потпис на новиот договор, ниту пак неговиот агент доби провизија, половина од откупната клаузула им следува на напаѓачот и неговиот агент.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.