24фудбал

Милевски од Тбилиси: Тука дојдовме за да победиме

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски верува во победа на утрешниот меч од Лигата на нации против Грузија.

Македонија

На Македонија и треба чудо за да заврши на првото место во групата, победа против Грузија од три или повеќе голови разлика.

„Ако не мислиме дека може да победиме, не би ни дошле тука. Во Скопје заслуживме повеќе, но таков е фудбалот и не победува секогаш подобриот. Ние дојдовме утре да победиме. Не се навраќам премногу на минатото, а дали се подобри од нас ќе покаже времето, иако играат поразличен фудбал од претходно. Подготвени сме да ги исправиме грешките од Скопје“, рече Милевски на денешната прес-конференција.

„Сѐ додека имаме и најмали шанси за пласман ќе се бориме до крај, а ние ќе пробаме да го искористиме. Имавме одлучни квалификации за СП, одлични мечеви во баражот, но овој циклус го почнавме со многу проблеми поради повреди и неминовно беше да се освежиме. Ја продолжуваме транзицијата, а сега е шанса да се увериме во сите млади кои доаѓаат. Сѐ уште сме конкурентни. Јас секогаш се концентрирам како ние ќе функционираме, а тоа е да функционираме како тим. Поединецот е важен, ама тимот победува, така да Кварацхелија не може сѐ сам. Тој е во добра форма, но секогаш тимот е поважен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.