Манчестер јунајтед го откри финансискиот извештај за сезоната 2021/22, „ѓаволите“ прикажаа за нив рекордна загуба од 115,5 милиони фунти.
Категорија: Англија 22.09.2022 17:11
Долговите на Манчестер јунајтед пораснаа откако клубот од Олд Трафорд за финансиската година која завршува на 30. јуни прикажа за нив рекордна загуба од 115,5 милиони фунти.
И покрај тоа што приходите пораснале за 18% и се искачиле на бројката од 583 милиони фунти, клубот секоја недела губел нешто над 2 милиони фунти.
Една за причините за загубите е зголемувањето на сметката за плати по трансферите на Кристијано Роналдо, Џејдон Санчо и Рафаел Варан.
Сметката за плати пораснала за 19,1% во однос на претходната сезона и изнесува 384,2 милиони фунти, што е рекордна бројка за било кој тим од Премиерлигата и надминување на рекордот на Манчестер Сити од 355 милиони фунти.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.