24фудбал

Јунајтед Груп го назначи Кике Вивас за нов потпретседател за маркетинг на Групацијата

Водечкиот снабдувач на телекомуникациски услуги и медиуми во Југоисточна Европа - Јунајтед Груп, во чии рамки работи компанијата Тотал ТВ во Република С. Македонија, денес објави дека го назначува Кике Вивас за потпретседател за маркетинг на Групацијата, кој ќе ја преземе функцијата од 20 декември 2022 година.

Останато

Кики Вивас во својата улога ќе ја наследи Викторија Боклаг, која успешно ја извршуваше позицијата на потпретседател на Јунајтед Груп за маркетинг и медиуми од 2013 година.  Г-ѓа Боклаг ќе се фокусира на нејзината улога како извршна директорка на Групацијата, за дополнително зајакнување на позиционирањето на Јунајтед Груп како водечки оператор во Југоисточна Европа, истовремено обезбедувајќи го нејзиниот стратешки раст.

„Среќна сум што го пречекувам Кике Вивас во Јунајтед Груп. Тој ќе биде одговорен за комерцијалната стратегија за резиденцијални и деловни клиенти и ќе се фокусира на поттикнување на силниот комерцијален моментум на Групацијата на сите осум пазари на кои работиме. Овозможено од иновативни производи, нови технологии и брендови, Кике дополнително ќе ја подобри нашата филозофија насочена кон клиентите“, рече главната извршна директорка на Јунајтед, Груп Викторија Боклаг.

Кике е квалификуван професионалец со над 17 години искуство во телекомуникациите. Тој има одбележано импресивен рекорд во секторот, држејќи различни позиции во области како што се маркетинг, продажба, бренд, операции и стратегија за мобилни, фиксни и ТВ - и во B2B и B2C сегментите. Неговите професионални достигнувања вклучуваат важна улога во промовирањето на Vodafone Групацијата како давател на интегрирани услуги, како и во дигиталната трансформација на нејзиното комерцијално работење. Тој исто така работел како главен комерцијален и стратегиски директор во Vodafone Чешка и како главен комерцијален директор и член на Извршен одбор во Vodafone Грција.

Назначувањето на Кике за нов потпретседател за маркетинг е следниот чекор кон идните напредни достигнувања на Јунајтед Груп.

За Јунајтед Груп

Јунајтед Груп, со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Активна во осум земји, компанијата има приближно 15 милиони корисници и повеќе од 15.500 вработени. Таа генерира приближно 2,5 милијарди евра годишни приходи. United Group има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивниот избор на ТВ содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, содржината и технологијата обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите.  Јунајтед Груп  е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите светски инвестициски компании, од март 2019 година.