24фудбал

Легендарниот Марк Нобл се враќа во Вест Хем со нова улога

Легендата на Вест Хем, Марк Нобл се враќа во својот клуб, но овојпат ќе ја има улогата на спортски директор.

Англија

35-годишниот Нобл целата кариера ја помина во Вест Хем, со исклучок на две позајмици брзо откако стана сениор.

Тој сега се враќа во Вест Хем во улогата на спортски директор.

„Легендата на чеканите официјално ќе ја почне новата работа од 2 јануари 2023 година. Тој ќе работи како поддршка на тренерот Дејвид Мојс како и со бордот на директори“, се вели во соопштението на Вест Хем.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.