Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс е хит на социјалните мрежи поради танцот кој го изведе во кампот на Гана со кој им се претстави на новите соиграчи.
Категорија: Останато 22.09.2022 12:26
Ињаки Вилијамс играше за репрезентацијата на Шпанија до 21 година, за сениорите настапи на еден пријателски натпревар во 2016 година, но шест години постојано беше игнориран од селекторите и покрај тоа што важи за еден од подобрите напаѓачи во Ла Лига.
На голгетерот очигледно му здосади да чека повик од „фуријата“ па реши да го облече дресот на Гана, земјата од која потекнуваат неговите родители.
Тој сега се приклучи на репрезентацијата на Гана и веднаш стана хит на социјалните мрежи со танцот кој го изведе и со кој им се претстави на новите соиграчи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.